Dolce & Gabbana ќе престанат да користат крзно во своите дизајни

- Advertisement -

Модната куќа Dolce & Gabbana најави дека ќе престане да користи животинско крзно во своите производи. Во изјавата за печат која ја објавија пред некој ден од компанијата напишаа дека ќе прават транзиција на еколошко крзно.

“Dolce & Gabbana работи во правец на поодржлива иднина каде што нема да се користи животинско крзно” изјавија од Dolce & Gabbana.

- Advertisement -

Брендот со ова се приклучува на другите водечки модни куќи кои престанаа да користат крзно. После притисокот од организации за заштита на правата на животните, модните брендови како Armani, Gucci, Prada и Moncler, меѓу другите, веќе престанаа да користат животинско крзно и кожа во своите производи.

Кампањите кои ги води Fur Free Alliance, мрежа од групи за заштита на правата на животните од целиот свет, помогнала да се изврши влијание врз брендовите и да се стопира употребата на животинско крзно и кожа. Иако, има уште познати брендови кои се противат на тоа.

- Advertisement -

Заштитниците на правата на животните ги таргетираат големите брендови со надеж дека тие ќе послужат како пример за една глобална промена. Моментално над 320 земји забранија производство на животинско крзно. Италија таква забрана воведе годинава, а тоа влијаеше на модните куќи во земјата.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia.Commons )

Сподели!
- Advertisement -