Илјадници Холaнѓани се спремаат да ја гаѓаат јахтата на Безос со јајца

- Advertisement -


Група жители на Ротердам се собра на социјалните мрежи и ја искажа лутината поради тоа што мостот во градот, кој е од историско значење, мора да се растури за да помине јахтата на основачот на Amazon, Џеф Безос.

Холандскиот град доби барање од локалниот бродоградител да се отстрани централниот дел од историскиот мост Конингсхавен за суперјахтата да може да излезе на море. Новата јахта на милијардерот е долга 127 метри, има три јарболи и се смета дека кога ќе заплови, ќе биде најголемата јахта во светот.

- Advertisement -

Тоа значи дека мостот ќе мора да биде делумно демонтиран. Инаку, градското Собрание на Ротердам им вети на граѓаните дека мостот ќе остане во истата состојба после реновирањето во 2017 година и изгледа дека тоа што нема да се одржи тоа ветување ги налути жителите на градот.

Додека Безос или бродоградителот мора да платат за демонтажата и повторната монтажа на мостот, јавноста во Ротердам и понатаму е назадоволна поради целата ситуација. Еден човек се огласи на Fасеbооk, каде што речиси 3.000 граѓани ветија дека јахтата ќе ја гаѓаат со расипани јајца додека поминува низ Ротердам, а уште 10.000 се означија како заинтересирани да се приклучат.

- Advertisement -

Четириесетгодишниот Пабло Строман е иницијатор на протестот, кој според него, не е премногу сериозен.

„Јас сум жител на овој град и мислам дека лушето со многу пари треба да сфатат дека не можат да прават се што ќе им падне на памет. Со овој повик сакаме нашиот глас да се слушне на еден весел начин. И мислам дека добро ни оди“ вели Строман.

- Advertisement -

Инаку, мостот бил оштетен во текот на војната во 1940 година, заедно со остатокот од градот. Мостот стои како споменик на болката и страдањето кои ги донела војната, но и на способноста на холандскиот народ да се подигне од пепелта.

Бродоградителот Oceanco поднесе барање до градското собрание за одобрување на демонтажата на мостот, со напомена дека тоа е единствениот начин да излезе јахтата на море, но уште ништо не е одобрено.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -