Ако спиете подолго внесувате помалку калории во текот на денот

- Advertisement -


Има се повеќе докази дека недоволниот сон е поврзан со ризикот од гојазност и метаболички пореметувања, а сега група истражувачи од САД решија да ја истражуваат обратната ситуација, односно спиењето повеќе од потребното. Научниците открија дека ако спијат подолго, луѓето кои имаат прекумерна тежина значително ќе го намалат внесот на калории во текот на денот. Тоа оди до тој степен што може да им помогне да ја намалaт тежината ако таа навика продолжи подолг период.

Се повеќе студии докажуваат дека луѓето качуваат на телесна тежина ако спијат недоволно, затоа што тоа доведува до пореметувања на метаболизмот. Една студија од октомври минатата година покажа еден само еден час повеќе сон кај новроденчињата го намалува ризикот од појавата на гојазност во подоцнежните години од животот.

- Advertisement -

„Низ годините многумина докажаа дека недоволниот сон влијае врз регулацијата на апетитот и поголема консумација на храна, па се појавува ризикот од гојазност. Прашањето што во последно време си го поставувавме сите е што се случува во обратна ситуација – ако спиеме подолго?“ вели главниот истражувач на студијата, Езра Тасали.

Во студијата биле вклучени истражувачи од Универзитетот Висконсин-Медисон и тие го анализирале прашањето преку клиничка студија со 80 возрасни учесници. Тие учесници биле гојазни и спиеле по помалку од 6,5 часа, што е фактор кој придонесува за појава на гојазност. Идејата била да се истражи дали ако им се продолжи сонот ноќе ќе се намали тој ризик, па во текот на четиринеделна студија биле дел од истражувањето.

- Advertisement -

Одвреме-навреме учесниците биле советувани во врска со спиењето, па тоа резултирало со 1,2 часа повеќе сон ноќ. Тоа траело во текот на две недели, период во кој се следел нивниот сон преку преносните уреди кои ги носеле. Остатокот од нивните животни навики останале исти.

Тие 1,2 часа повеќе сон резултирале со намалена консумација на храна, при што некои од учесниците почнале да консумираат дури 500 калории помалку дневно. Во просек, коснумацијата на храна била намалена за 270 калории и резултирало со калориски дефицит.

- Advertisement -

Истражувачите посочуваат дека целта на ситражувањето не било да се утврди дали може да се намали тежината ако се спие подолог, но резултатите покажале дека дури и за толку краток период од две недели се забележал помал внес на калории и негативен енергетски баланс – се трошат повеќе калории отколку што се внесуваат.

Истражувањето е објавено во весникот JAMA Internal Medicine.

(New Atlas)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -