ММФ: 100 земји размислуваат за воведување дигитална валута

- Advertisement -

Фактите од искуството со првите лансирани дигитални валути на централните банки (CBDC) ширум светот укажуваат дека не постои модел кој одговара на сите, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Според проценките на ММФ, околу 100 земји во моментов размислуваат за проекти за CBDC, се наведува во новата студија на Фондот, која прикажува примери на шест земји, вклучувајќи ги Кина, Шведска и Бахамите, каде што дигиталните пари се веќе во оптек или во напредна фаза на тестирање, пренесува Ројтерс.

- Advertisement -

Претставувајќи го овој извештај, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, рече дека главниот заклучок од првичните искуства е дека треба да се извлечат поуки.

Ако CBDC се дизајнирани внимателно, тие потенцијално би можеле да обезбедат поголем финансиски обрт, да им олеснат на луѓето да пристапат до услуги од банкарски тип и да ги намалат трошоците за циркулирање на пари.

- Advertisement -

Дигиталните валути на централните банки, исто така, треба да бидат побезбедни во однос на „криптовалутите кои немат позадина и се инхерентно волатилни“, како и во однос на подобро регулираните “стејбл коини” кои генерално се поврзани со фиат валута.

Георгиева прво изјави дека ниту еден CBCD модел „секому не му одговара“, а второ посочи дека при моделирањето на националната дигитална валута најважно е да се има предвид финансиската стабилност и приватност и да се воспостави рамнотежа помеѓу развојот на дизајнот од една страна и политиката од другата страна.

- Advertisement -

„Ова се само почетоци на дигиталните валути на централните банки и не знаеме до каде и колку брзо ќе оди“, заклучи Георгиева.

Извор- Денар

Сподели!
- Advertisement -