Ова е првото селфи од длабоката вселена

- Advertisement -

Вселенскиот телескоп James Webb се приближува до крајот од првата фаза од порамнувањето на примарните огледала со помош на NIRCama, односно инфрацрвените камери за снимање блиски предмети. За инженерите задолжени за управувањето и одржувањето на телескопот на прав начин да ги постават тие 18 огледала кои телескопот ги користи за снимање на вселената и вселенските тела потребно е доста време и висока технологија.

Така, телескопот при порамнувањето на огледалата снимил 18 навидум мали ѕвезди во длабоката вселена. Меѓутоа, не станува збор за разлилни ѕвезди, туку за светлина од истата ѕвезда која се рефлектирала на различни сегменти од огледалата.

- Advertisement -

Она што изгледа како едноставна, матна фотографија од ѕвезденото небо за инженерите и за НАСА ќе послужи како ориентир за фокусирање на телескопот. Како тшо велат, во текот на анредниот месец полека ќе се поместуваат огледалата се додека тие 18 точки не станат една ѕвезда. Слично како кога со фотоапарат се фокусирате на еден предмет.

Целиот тим на Webb е одушевен од првите чекор во создавањето фотографии и порамнувањето на телескопот. Како што велат, пресреќни се што светлината го нашла својот пат до NIRCama. Од НАСА велат дека фотографиите на Webb се поимпресивни и преполни со детали кога ќе се порамнат сите огледала и ќе се вклучат три посебни инструменти кои моментално се во процес на „будење“. Очекуваат дека првите фотографии наменети за научната јавност ќе бидат направени ова лето.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -