Музеј посветен на NFT – креации базирани на блокчеин технологијата кои го освоија светот на уметноста – ги отвори своите врати во САД. Музејот се наоѓа во Сиетл и содржи оригинални уметнички дела со објаснение на технологијата која е користена за нив, а е наменет за да им помогне на посетителите да се движат во новиот свет на незаменливи токени.
Во музејот можете да влезете, а тоа колку знаете или не знаете за дигиталната уметност, за NFT не е битно затоа што уметноста можете да ја видите на екран со голем формат на начин познат како музејска изложба.
NFT е дигитална потврда со која се потврдува соственоста на уметничко дело во дигиталниот свет, а со неа се тргува исклучиво во криптовалути. Иако нивната содржина може да се копира, NFT е оригинал, на ист начин на кој што постојат многу копии на „Мона Лиза“, но само во музејот Лувр се наоѓа оригиналот.
Инвеститорите и богатите колекционери последните месеци бараа да се вклучат во нивната најнова дигитална лудост, која се базира на истата блокчеин технологија која стои зад криптовалутите.
На неодамнешните аукции беа платени огромни суми за NFT, вклучувајќи и 69,3 милиони долари за дигиталното дело на уметникот Бипл на аукција во Кристис.
Како и сите нови технологии, поделено е и мислењето за NFT. Некои ги сметаат за каприци или уште полошо – нешто на кое сите се одушевуваат, иако всушност не постои.
Но, посетителите на музејот велат дека почувствувале реална уметност. Тоа е некој вид на глобален феномен, па го гледаме како полека оживува, велат некои од посетителите.
(Zimo)
(фото:Flickr)