Две чаши вино имаат повеќе калории отколку еден хамбургер

- Advertisement -


Најголем дел од луѓето кои внимаваат на својата тежина дневно водат сметка за внесот на калории. Меѓутоа, според една нова студија, сиот тој нивни труд може да биде залуден ако посегнат по самодве чаши од нивниот омилен пијалак – виното.

Според студијата која ја објави организацијата Alcohol Health Alliance (AHA) од Велика Британија, само две чаши вино може да содржат повеќе калории отколку еден хамбургер од McDonalds.

- Advertisement -

Тие ја анализирале содржината на 30 шишиња од британските водечки брендови на црвено, бело, розе, овошно и пенливо вино и наведуваат дека во нив има широк дијапазон на шеќери и калории. Едно шише вино може да содржи и до 59 грама шеќер, додека просечниот препорачан внес е 30 грама и вкупно 598 калории, а еден хамбургер има 250 калории. Исто така, тамошните вина со помал процент на алкохол содржат повеќе шеќер.

Многумина малкохолот со помала јачина е поздрав, но несвесно го зголемуваат внесот на калории, велат авторите на студијата. Тие го ставаат фокусот на важноста на нутритивните ознаки на алкохолните пијалаци, кои многу често не се вистинити и луѓето немаат претстава што внесуваат во својот организам, ниту како тоа влијае на нивното здравје.

- Advertisement -

Ниту еден од 30 испитани производи во студијата на етикетата нема содржина на шеќери, а таа информација е задолжителна за сите безалкохолни пијалаци во Британија.Исто така, содржината на калории била прикажана на само 20% од налепниците.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -