Volkswagen преговара со Huawei за купување на технологијата за автономни автомобили

- Advertisement -

Групацијата Volkswagen преговара за купување на одделот за автономно возење на Huawei, објави германски бизнис магазин. Како што пишува магазинот, повикувајќи се на инсајдерски информации, чекниците на VW веќе неколку месеци разговараат за продажба, која ги вклучува технолошките системи во кои VW не е вешт.

Минатата година извршниот директор на одделот за паметни возила на Huawei изјави дека компанијата планира да развир целосно автономна автомобилска технологија без возачи до 2025 година. Извршниот директор на VW, Херберт Дајс, пред неколку дена изјави дека очекува раширена автономија на возењето во автомобилската индустрија во рок од 25 години и дека за компанијата следуваат нови соработки со цел да ја зголеми својата софтверска независност.

- Advertisement -

VW во септември минатата година најави дека гради нова фабрика за системи од батерии за електрични возила во Хефеи, главниот град на кинеската покраина Анхуи, а производството би требало да започне во 2023 година. Во блиска иднина ќе бидеизвградена и нова фабрика за компоненнти наречена VW Anhui Components Company за составување на батериските системи.

До 2025 година Volkswagen планира да инвестира над 140 милиони евра во погонот за батерии. Почетниот капацитет на фабриката за локално производство на електрични возила ќе биде 150.000 до 180.000 батериски системи годишно. godišnje.

- Advertisement -

(Business Times)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -