Ричард Бренсон отпушти половина од вработените и се откажа од револуционерниот превоз со Hyperloop

- Advertisement -

Кога станува збор за футуристички превоз, честопати се мисли на Hyperloop, кој е комбинација од едноставност и удобност при патување во возови кои лебдат и се движат со огромна брзина низ вакуум цевки.

За такво нешто е потребна инфраструктура, односно вакуум цевки, а моментално тешко е да се предвиди колку би изнесувале трошоците за нивно поставување и одржување на толку големи растојанија. Јасно е само дека станува бзор за огромна сума, која моментално ретко кој може да си ја дозволи.

- Advertisement -

Една од компаниите кои инвестираат многу пари во Нyperloop е и Virgin Group на Ричард Бренсон. Тие заедно со DP World, компанија од Дубаи, се сопственици на Virgin Hyperloop, единствената компанија која досега изврши тестирање на Нyperloop со патници. Тој тест беше краток, со брзина од 160 км/ч, но со него Virgin сакаше да покаже дека е на добар пат до развој на ова превозно средство.

Но, изгледа дека не треба да очекуваме револуција во превозот од Virgin Hyperloop затоа што компанијата ги смени своите приоритети. Според извештајот на Financial Times, минатата недела отпуштиле 111 вработени и одлучиле да го свртат фокусот од патнички превоз на товарен. Од компанијата за FT изјавиле дека никој не очекувал толку голем број на откази.

- Advertisement -

Како причина за промената на фокусот ја наведуваат моменталната ситуација со синџирите за снабдување и пандемијата на корона вирусот. Сега целта им е да овозможат логистика, односно превоз на товар кој би бил побрз од авион, а евтин како превоз со камион.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Youtube)

Сподели!
- Advertisement -