Илон Маск инвестираше над 100 милиони долари во неговата Boring Company

- Advertisement -

„Сообраќајот во Лос Анџелес ме излудува. Ќе направам своја машина за бушење тунели и едноставно ќе почнам да копам“, е твит на Илон Маск oд крајот на 2016 година. Од почеток сите мисела дека Маск само се шегува изнервиран поради сообраќајниот метеж во градот, но истиот ден беше основана The Boring Company.

Како што објасни Маск, одлучил да основа компанија која ќе прави подземни тунели со цел да се растовари сообраќајот со урбаните средини. Според неговата визија, мрежата од подземни тунели ќе функционира така што луѓето во капсули ќе се спуштаат во тунелите и така ќе стигнат до саканата дестинација, а капсулите ќе достигнуваат брзина од 200 км/ч. Системот е наменет за превоз на луѓе и возила, но пешаците и велосипедистите ќе имаат предност пред автомобилите.

- Advertisement -

Во 2017 година почнаа со копање на тест тунели под седиштето на Space X. „Досадната“ компанија на Маск стана помалку досадна кога во продажба ги пушти своите фрлачи на пламен, а пред да биде прекината продажбата пристигнаа 20.000 нарачки. Според проценките на Forbes, од продажбата на фрлачите на пламен компанијата заработила најмалку 10 милиони долари.

Во меѓувреме траеја преговорите за дозвола за бушење на првиот тунел, кој треба да ја поврзува Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес со Калвер Сити, Санта Моника, Вествуд и Шерман Оукс. Во план е и изградба на тунел на источниот брег кој ќе ги поврзува Балтимор и Вашингтон.

- Advertisement -

Така приказната за The Boring Company се помалку изгледа како шега, а особено сега која Илон Маск ја докапитализираше компанијата со 113 милиони долари. Од севкупниот износ Маск инвестираше повеќе од 90%, односно над 100 милиони долари, а остатокот го исплатија некои од првите вработени.

Сподели!
- Advertisement -