Ванчо Кировски и пчеларите од Истокот произведуваат мед на одржлив начин, без никакви хемикалии!

- Advertisement -

Се што е вредно, е подложно на фалсификување. Еден од највредните производи кој на пазарот може да се најде во неоргинална форма е медот. Токму затоа многу е важно да се набавува мед од проверен пчелар. Подобро нека се купи помала количина ама да биде чист и природен медот, отколку да се плати помалку, но да се добие некоја лоша супституција на овој многу корисен прехрамбен производ, тврди Ванчо Кировски, производител на мед, член на Јадрената група пчелари од Брегалничкиот Регион „Меден Исток“.  Оваа групација стана препознатлива по производство на мед, добиен на одржлив начин, без употреба на хемија во ниту една фаза во текот на пчеларењето. А има ли нешто подобро и поздраво од органски произведеното?
Тој е еден од едукаторите кој преку обуките за основно пчеларство на одржлив начин им ја всади љубовта кон пчеларството на многу млади луѓе од државата.

Новинар – Александрија Николовска

- Advertisement -

Како започнавте со производство на мед и зошто токму пчеларство?

Мојата пчеларска традиција почнува од 1993 година кога ги купив првите три трмки. Од тогаш па се до денес се занимавам со пчеларството како дополнителна дејност. Денес сум пензионер, а идејата ја добив уште за време на воениот конфликт во Хрватска каде бев офицер на служба во ЈНА. Тогаш сфатив дека ниедна работа не е сигурна и дека човек покрај себе мора да има резервна дополнителна професија која успешно ќе го исполнува човек и во младоста и во зрелото доба. Со оглед на тоа дека јас ја сакам многу природата и здравата храна и можноста да ги добијам првите лекции од чичко ми и кој во тоа време имаше солиден број на пчелни семејства, со негова помош започнав да пчеларам постепено зголемувајќи го бројот на пчелни семејства.

- Advertisement -

Целта му е, од природата да го земе само она што смее без притоа да ја наруши рамнотежата која што постои.

Вие сте дел од групата пчелари од Брегалничкиот регион, кои работат на одржлив начин во производство за пчелни услуги. Тоа значи дека во производството ги избегнувате сите хемиски средства кои може да влијаат на квалитетот на пчелните производи. Како ова ваше залагање се спроведува во пракса?

- Advertisement -

Така е! Ние сме јадрена група на пчелари од Брегалничкиот Регион „Меден Исток“ регистрирана во Кочани Потпомогнати при формирањето и реализацијата на нашите идеи од Програмата за зачувување на природата во Македонија преку Швајцарската агенција за подршка и развој. Од самиот почеток на соработката од 2016 па се до денес кога се наоѓаме во излезна фаза на проектот, добивавме несебична помош за реализација на нашите идеи. Благодарение на подршката, Меден Исток станапрепознатлива регистрирана марка за производство на мед, добиен на одржлив начин.без употреба на хемија во ниту една фаза во текот на пчеларењето.

За реализација на предвидените цели,  Јадрена група на пчелари од Брегалничкиот регион „Меден Исток“,  Кочани  ги има предвидено следниве активности:

  • Промоција, едукација и дообука за одржлив начин на пчеларење, тоа е сертифицирана обука за возрасни;
  • Примена на искуствата од алтернативниот пристап во борбата со болести на пчелите;
  • Примена на унифицирана пчеларска технологија во производството на мед,прополис, полен, перга, восок и матичен млеч;
  • Техничка унифицираност на опремата за производство на мед и пчелни производи;
  • Заштита на автохтоната пчеларска раса Apis Malifera Macedonica;
  • Организрана набавка на селекционирани матици од регистриран апицентар на Apis Malifera Macedonica;
  • Изработка и дистрибуција на препознатилива етикета за членовите на здружението;
  • Организирање на манифестации за промоција и продажба на пчелни производи од Здружението;
  • Органиизрана анализа на пчелните производи и склучување на договор со соодветни лаборатории за потребите на здружението;
  • Организирана набавка на амбалажа и опрема за членовите на здружението;
  • Унифицирано означување на пчеларниците на членовите на Здружението и унифицирана евиденција во пчеларсвото;
  • Набавка на садници и семе за насади на медоносни растенија:
  • Споделување на информации за новитети поврзани со биолошки и био-технички методи на пчеларење;
  • Поддршка на членовите за заеднички пласман на производите;
  • Подготовка и реализација на проекти поврзани со реализација на целите на Здружението;
  • Подготовка на информативни и едукатинвни материјали;
  • Привлекување и селекција на нови членови, согласно Правилникот за членство.

Вие сте еден од победниците од натпреварот „Зелени идеи“организиран од Здружението за социјални иновации „АРНО“. Врз основа на кој аспект од вашето работење ја добивте наградата и што значеше таа за вас? Колку во  работењето се потпирате на проекти?

Нашето здружение ја имаше таа чест да биде победник организиран од организацијата АРНО. Тоа е е за нас многу важен момент за трасирање и утврдување на нашите зелени и еколошки пристапи во пчеларството. Многу е важно сите да произведуваме одржливо или органски во Македонија. Според нас тоа е единственото и најлесното нешто што треба да го направиме за нашите купувачи. Сите треба да имаме достап до здрави и квалитетни производи во нашата земја. Ние тие услови ги имаме само треба да се обучуваме и да ги применуваме тие стандарди и да не се плашиме за нашето производство. Единствено што треба е да се држиме до принципите на одржливото производство применувајќи биотехнички методи. За таа цел имаме изготвено и Прирачник за одржливо производство за нашите членови и учесниците на нашите обуки.

Во досегашната пракса, лично сум ги испробал сите конвенционални и органски методи и технологии на пчеларење и денес со сигурност можам да кажам дека најдобар начин е одржливото пчеларење со употреба на биотехничките методи „Отстранување на легло“ и методот „Затворање на матицата во кафез“. Сметам дека овие методи уште повеќе можеме да ги усовршиме и комбинираме за попродуктивно пчеларење.

Како ја оценувате состојбата со производство на мед во земјава, односно колку е возможно производството на чист мед, со оглед на ограничените незагадени ресурси на земјата?

Во нашата земја сеуште ја имаме таа среќа да произведуваме чист мед и затоа македонскиот мед е надалеку познат по својот квалитет. Најголема закана се неконтролираната употреба на недозволени пестицидите во земјоделството, потоа несовесноста при третирањето на овошните насади повторно со неоргански препарати и прскање во цвет и нормално најважната опасност е климатските и временските  промени , а за нас пчеларите најголемата опасност е во разбивањето на градобијните облаци, затоа што се предизвикуваат суши со несогледиви последици по екосистемот и нектарењето на билките. Решението е многу едноставно да не се меша човекот во функционирањето на природните услови и законитости, затоа што природата не опростува или со еден збор не ни е потребно само уништување туку навремено освестување и зачувување на природата. Така ќе и помогнеме на пчелите така ќе си помогнеме себе си!

На пазарот може да се најдат многу видови мед, голем дел од нив всушност и не се мед. На што треба да внимаваат граѓаните кога купуваат мед? 

Се што е вредно е подложно на фалификати, природниот мед и ладно цеденото маслиново масло се најфалсификувани производи во светот. Тоа е отсекогаш така. Затоа ние имаме сертификатна марка, следливост и внатрешна контрола на нашиот мед во Меден Исток и сите имаме редовни анализи на нашите производи. Довербата е нешто најважно. Треба да се купува мед од проверен пчелар. Подобро нека се купи помала количина ама да биде чист и природен медот тоа е мој совет, треба да се внимава прво на цената ако е ниска потоа на мирисот и вкусот и бојата и има многу прирачни методи на проверка.

Дали производството на мед во земјава може да ја задоволи побарувачката?

Македонија има доволно производство за своите граѓани, меѓутоа Македонија увезува и многу мед. Тоа е што го знам јас, но во едно сум сигурен дека потрошувачката по жител е на многу ниско ниво и тука треба да делуваме да ја потикнеме културата на квалитетна и превентивна храна уште во детските јасли и основните училишта. За споредба, во Германија се конзумира дваесет пати повеќе мед по  жител од Македонија, а тоа зборува многу или пак тоа дека во Словенија 90% од медот што го конзумират Словенците е од словенечките пчелари иако е со тројно повисока цена од увозниот мед во Словенија.

7.Кои методи на производство мед ги користите?Кои се најпродуктивни, но и најисплатливи?

 Најисплатив метод на производство на медот е медот да биде добиен од пчелите без многу интервенции од страна на пчеларот, а тоа е природниот мед добиен на одржлив начин, затоа што тој мед секогаш ќе има и цена и квалитет.

Кои новини во производството може да се употребат за да истото се унапреди?

Само биотехничките методи во борбата со пчелните болести се иднината во пчеларството, што порано го сфатат пчеларите ќе имаат подобри резултати и поквалитетни пчелни производи. Во тоа сум 100 % сигурен. Пчеларството бара посветеност, упорност и љубов кон пчелите.

Колкави се трошоците за производство на пример за еден килограм мед и колку реално тој треба да чини?

 Ние правевме анализи дури беа ангажирани и реномирани професионалци за таа работа, цената која беше добиена  е  беше многу повисока од продажната но таму беа ставени буквално сите фактори на чинење при формирање на цената. Ние Македонците секогаш гледаме да смалиме од цената на нашиот труд и да заштедиме и на други места каде самите можеме да допинесеме и затоа добиваме подобра цена која од година во година е драстично неспоредлива поради временските прилики, но генерално трошоците се движат од 50 – 75% од продажната цена за 1 кг чист  природен мед.

Дали галопирачките цени на сите репроматеријали и енергенсите влијаат врз вашето работење?

Апсолутно многу влијаат и затоа ние треба да имаме европски цени на медот затоа што тоа е економска логика на производството. Замислете дека треба да одите во планина секојдневно на пчеларниците и која е цената на горивото, една таква посета не е испод 1,5 – 2 тегли мед, ако продолжи овој тренд и цената на медот ќе расте.

Кои се плановите за во иднина?

Да ги освојуваме пазарите во нашата држава со квалитетниот наш производ и да биде полесно достапен, да им покажеме на нашите граѓани дека имаат избор да си купат домашен мед со висок квалитет, а тоа е медот од Меден Исток (ливадски и планински) и дека тоа е производ произведен од пчелите со искрен пристап од нашите пчелари за доброто на сите нас.

Сподели!
- Advertisement -