Научници од Универзитетот Нортистерн претставија нов УВ сензор во форма на налепница направена по примерот на камуфлажата на октоподот, која ќе ви каже кога треба да престанете да се сончате.
Сите знаеме дека предолгото изложување на сонце може да има опасни последици по здравјето, како што се изгореници и рак на кожата, а за да го избегнете тоа битно е да знаете кога треба да се тргнете под сенка.
Научниците од Нортистерн одлучија да излезат во пресрет на тој проблем со развојот на сензорската налепница, која се базира на системот за промена на бојата кој го имаат октоподите.
Тие тргнале од студијата за начинот на кој морските животни како лигњите и октподите се вклопуваат во својата околина. Научниците идентифицирале повеќе пигменти, хемиски реакции и механизми кои ја олеснуваат таквата камуфлажа, но едно од нив игра глава улога.
Малата молекула наречена ксантоматин е таа што на животните им дава јадра боја. Тимот веќе докажал дека со неа може да се манипулира за да се промени бојата и со таа цел истражувале како таа може да се користи во облеката или во други производи.
Но, кога ксантоматинот бил издвоен во лабораториски услови на амбиентална светлина со цел тестирање на неговата стабилност во секојдневни услови, научниците се разочарале и виделе дека тоа не можат да го направат без промена на бојата. Потоа почнале да размислуваат дали осетливоста на светлина може да се користи како основа за нов вид на УВ сензори.
Така тие дизајнирале уред со големина на врвот на прст, кој може да се носи на кошула или на костим за капење. Тој се состои од пет тенки слоеви пластика и кружен дел хартија третиран со пигмент и посоа исушен. Во уредот е интегрирано и т.н. копче за испуштање течност која патува низ каналите во пластиката и ја хидрира хартијата. Тоа го активира уредот и резултатот е водена хартија која реагира на УВ зрачењето и ја менува бојата од жолто-портокалова во црвена, што е знак дека е е премногу изложен на УВ зрачење.
Тимот ја тестирал налепницата и утврдил дека добро работи во различни услови. Научниците сега размислуваат уредот да се користи не само за следење на изложеноста на сонце, туку и во други уреди во кои на луѓето им треба да го мерат УВ зрачењето, како што е случај со стерилизацијата на површини.
Истражувањето е објавено во списанието ACS Sensors.
(Vidi.hr)
(фото: Northeastern University)