Јапонска генијална идеја која го освојува светот – комбинација од веце школка и мијалник

- Advertisement -

Јапонска идеја за заштеда на вода стара околу 60 години го освојува светот со својата иновативност и практичност. Станува збор за комбинација од веце-школка и мијалник кој во Јапонија постои од 1956 година.

Системот е многу поевтин од конвенционалните тоалети и може да се направи со казанче со различен волумен. Многумина кои ја посетиле Јапонија во изминатите неколку децении веројатно се сретнале со овој јапонски систем, особено ако биле во некој посиромашен дел од земјата.

- Advertisement -

Системот функционира на тој начин што водата со која ги миете рацете се собира во казанчето и со истата се измива веце-школката. Во една од најгусто населените области во светот тоа бил иновативен уред кој помагал да се заштеди многу битен ресурс – водата. За оние што се скептични во врска со оваа иновација, не грижете се, водата со која ги миете рацете секогаш е чиста. Единствено што правите е реупотреба на истата вода за казанчето за да не трошите нова.

(NPR)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -