Вегетаријанците, односно оние што не сакаат да јадат какво било месо имаат 14% помали шанси да заболат од рак во споредба со сите останати луѓе кои редовно коснумираат месо, покажа истражувањето што го спроведоа научници од Универзитетот Оксфорд.
Бројот на вегртаријанци забрзано расте и уште повеќе ќе расте во иднина. Претходни студии покажаа дека вегетаријанската диета го намалува ризикот од појава на многу болести, а дури и компанитие за производство на храна се повеќе нудат вегетаријански опции во своите менија.
Истражувачите од Оксфорд анализирале податоци од над 470.000 учесници од Обединетото Кралство. BioBank има податоцви за здравјето и генетиката на над 500.000 луѓе и служи како база за истражувачите.
Биле креирани четири категории врз основа на исхраната: луѓе што јадат месо повеќе од пет пати неделно, луѓе што јадат месо пет или помалку пати неделно, луѓе што јадат само риба, а не месо и луѓе што не јадат ни риба ни месо, односно вегетаријанци.
Сите поединци немале никакви знаци за појава на рак кога почнала студијата и биле следени во период од 11 години. После тој период истражувачите потврдиле појава на различни типови канцер кај луѓето, при што најмал бил бројот на болни од канцер кај вегетаријанците, а најголем кај тие што најчесто јаделе месо.
Кај групите што консумирале помалку месо тој број бил помал, исто и кај луѓето што јаделе само риба. Според извештајот од Светскиот фонд за истражувањена ракот (World Cancer Research Fund – WCRF), кој финансиски го поддржувал истражувањето, ризикот од појава на рак бил 10% помал кај луѓето што јаделе риба, а не месо.
Студијата е објавена во BMC Medicine.
(Interesting Engineering)
(фото: Piqsels)