Lifestraw, компанија која долго време произведува бокали, шишенца и други производи за филтрирање на вода, го издаде својот најмал гаџет од ваков вид досега, сламката Sip Essential.
Сламката е направена од пластика и силикон без БПА, тежи само 20 грама и има димензии 27,4 x 1,3 см. За прочистување на водата сламката има интегриран систем за филтрирање, кој наводно отстранува 99,999999% од бактериите, 99,999% од паразитите и 99,999% од микропластиката додека пиете.
Sip Essential е дизајнирана да филтрира до 1.000 литри вода, што според Lifestraw е доволно за една година филтрирање на вашата вода за пиење секој ден, додека заштитните капачиња на двата краја осигуруваат дека нема да се извалка или контаминира пред употреба.
„Не се потребни батерии или електрични приклучоци. Едноставно влечете со сламката и оставете филтерот да си го направи своето“, велат од Lifestraw во соопштението.
Тие исто така велат дека сламката го подобрува вкусот на водата, а покрај филтрирањето на бактерии, паразити и микропластика, филтрира и други штетни супстанции, вклучувајќи жива, хемикалии, PFAS, хлор и органски хемикалии.
Сламката Sip Essential се продава во веб-продавницата на компанијата за 19,95 долари.
(Vidi.hr)
(фото: Lifestraw)





























