36 градови се во опасност од тонење поради климатските промени

- Advertisement -

Најголем дел од крајбрежните населени места во светот се под закана на поплави поради покачувањето на нивото на морињата и океаните. Некои градови веќе градат ѕидови за да спречат поплавување, додека други бараат алтернативни решенија. Независната организација која се занимава со климатските промени и нивните последици направи интерактивна мапа наречена Coastal Risk Screening Tool, која ги покажува регионите кои се во опасност од тонење. Ако ја изберете опцијата “water level”, можете да видите кои региони се во опасност од поплави од над 9 метри.

Според истражувањето објавено во The Swiftest, над 226 милиони луѓе во 36 градови во светот се очекува да бидат погодени од покачувањето на нивото на водите. За да го дообјаснат овој факт од организацијата направиле визуелен приказ на кој се гледа како ќе бидат поплавени градовите при покачување на нивото на морињата од 1,5 метри. Во едно такво сценарио многу светски метрополи како Амстердам, Њујорк, Бангкок и Венеција може да потонат.

- Advertisement -

Базиликата Свети Марко во Венеција веќе беше поплавена неколку пати во текот на изминатите неколку години. Топографијата на Венеција е таква што ова историско место е подложно на покачувањето на нивото на водите. Градот е нецел метар над нивото на морето и со векови полека тоне. До крајот на 21 век се очекува покачување на нивото на морињата од 120 см, што е 50% повисоко од предвидувањата за покачувањето до 2100 година.

Мајами е уште еден од градовите кои не се многу над нивото на морето – нецели 2 метри. Особено Мајами Бич,, популарната туристичка дестинација, изминатите години се соочуваше со сериозни поплави. Освен тоа, државата Флорида инвестира 4 милијарди долари во спречување на понатамошни штети, но со оглед на брзото покачување на нивото на морињата и океаните, градот буквално се трка со времето.

- Advertisement -

Изминатата година и Њујорк се соочуваше со зачестени поплави. Градот се наоѓа околу 10 метри над нивото на морето, но со оглед на тоа дека се очекува покачување на нивото од 18-74 см до 2050 година, државата Њујорк го стартуваше проектот East Side Coastal Resiliency Project со цел да се заштити од есктремните временски услови во иднина.За жал, Статуата на слободата е во опасност да биде оштетена од покачувањето на морето и ектремните временски услови.

Ова е целосната листа со градовите кои се опасност од тонење:

- Advertisement -

1.Токио

2.Мумбаи

3.Њујорк

4. Осака

5.Истанбул

6.Конката

7.Бангкок

8.Џакарта

9.Лондон

10.Дака

11.Хо Ши Мин

12.Сан Франциско

13.Мајами

14.Александрија

15.Сиднеј

16.Бостон

17.Лисабон

18.Дубаи

19.Ванкувер

20.Абу Даби

21.Копенхаген

22.Њу Орлеанс

23.Даблин

24.Хонолулу

25.Амстердам

26.Канкун

27.Венеција

28.Чарлстон

29.Макау

30.Мале

31.Лонг Бич

32.Савана

33.Насау

34.Пунта Кана

35.Ки Вест

36.Кокбурн

(Interesting Engineering)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -