Пет години откако Volkswagen го претставил својот концепт на електрично комби базирано на легендарниот модел Microbus, конечно ја претставија и официјалната верзија, која наскоро ќе се најде во продажба. Моделот наречен ID Buzz ќе може да се купи на европскиот пазар уште годинава, додека корисниците во САД ќе мора да почекаат до 2024 година.
Ова електрично возило е наменето за семејни луѓе и авантуристи, а достапно е во верзии со 5, 6 и 7 седишта и во уште една поголема верзија. Иако дизајнот не е радикално променет во однос на концептот претставен во 2017 година, VW надградил некои работи на возилото.
Но, и понатаму има многу непознати детали. Не е познато колку ќе чини, како ни колкав досег ќе има. Првичната верзија за европскиот пазар која ќе се продава годинава има батерија од 81kW и заден мотор од 201KS. Досегот уште не е познат, иако по некои сајтови се споменува бројка од 480 км, додека VW ја ограничил брзината н 145 км/ч. ID Buzz поддржува полнење со брзина со 170 kW и батеријата би требало да се наполни од 5% до 80% за половина час.Исто така, батеријата на Buzz ќе може да се користи и како извор за напојување на други уреди.
Во внатрешноста има инфотеинмент систем од 10 инчи, а автомобилот подджрува и Apple CarPlay и Android Auto. Софтверот на автомобилот ќе може да се нагдрадува безжично, со што ќе може да е додваат и нови опции.
(Dnevnik.hr)
(фото: YouTube)