Успешно тестирана првата фабрика во светот која CO2 го претвора во зелено гориво

- Advertisement -

Фабрика која може да произведува по 1.000 тони гориво годишно од јаглерод диоксид успешно ги помина тестовите и оценките на 4 март. Ова е првата таква фабрика во светот која ја направија Институтот за хемиска физика Далиан и Zhuhai Futian Energy Technology, а може да го претвора јаглерод диоксидот во зелени горива и може да помогне да се намали загадувањето во атмосферата.

Од Институтот велат дека технологијата може селективно да произведува хидрокарбонски горива со голема енергетска густина, кои ќе го поплочат патот до чиста и нискокарбонска енергетска револуција.

- Advertisement -

Технологијата за хидрогенерација на јаглерод диоксид за производство на горива првично ја предложиле научниците Сун Јиан Ге Чингџе и Веи Јиан во нивната студија објавена во 2017 година во весникот Nature Communications. Нивниот метод користи метални катализатори за претворање на јаглерод диоксидот во биогорива кои се помалку штетни за околината.

Нивната тест-фабрика беше изградена во 2020 година во индустрискито парк Зоученг во Кина. Во октомври 2021 година фабриката помина 72-часовна проценка од страна на Кинеската федерација за нафтена и хемиска индустрија. Во текот на проценките фабриката има 95% успех во конверзијата на јаглерод диоксидот и водородот во гориво.

- Advertisement -

Фабриката произведува зелено гориво со октански број поголем од 90 и со тоа го задоволува кинескиот национален стандард VI, а научниците велат дека троши помалку енергија за претворање на гасовите во гориво.

(Interesting Engineeering)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -