„Органик Нар“ од Богданци во време на Корона почна да произведува сок од македонска калинка! „Art Juice“ веќе се пробива на пазарот!

- Advertisement -

Семејната компанија “Органик нар“ од Богданци за суровина ги користи калинките од сопствените овошни насади и изврши откуп на дополнителни количини од околу 80 тони од локалните одгледувачи. Идејата да се отвори ваков производствен капацитет на југот на државата носи бенефит и за компанијата, но и за земјоделците – вели Александар Семенпеев, основач на „Органик Нар“, семејна компанија за производство на сокови, лоцирана во Богданци.

Нашиот тим технолози одговорот го побара и го најде во природата, во убавите расади со калинка во близина на Богданци. Така се роди нашата семејна компанија, така започна и приказната за Art Juice – сок во кој ја има и уметноста на природата и умешноста да го ползуваме најдоброто од неа. Тоа е нашата уметност на правење сок од срцевидното овошје со најубава црвена боја – вели Александар Семенпеев, основач на „Органик Нар“ од Богданци.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

Зошто токму сок од калинка?

-Калинката е овошје кое не е широко распространето и достапно за купување, цедењето сок од него во домашни услови е комплицирано, а многу луѓе не се запознаени со неговите придобивки. Онаму од каде што доаѓам, Богданци, калинката е повеќе од овошје. Таа е симбол на нашиот југ, на топлата медитеранска клима, на многу сонце и убав ветер. Затоа ова место е идеално за зреење на калинката или нарот, плод што нашите стари го чувале и јаделе, затоа што знаеле дека е корисен за срцето, главата, нервите, кожата или воопшто за она што денес го нарекуваме имунитет. Ние се одлучивме да го искористиме тоа знаење од минатото и да понудиме развој за идните генерации во југоисточниот регион.

- Advertisement -

Зошто токму зборот ‘уметност’ во името на брендот?

-Уметноста е дел од нашата фамилија и дел од сè што работиме. Art Јuice се појави за време на пандемијата, кога повеќе од кога било сме исплашени за нашето здравје и за издржливоста на нашиот организам. Нашиот тим технолози одговорот го побараа и го најдоа во природата, во убавите насади со калинка во близина на Богданци. Така се роди нашата семејна компанија „Органик Нар“, така започна и приказната за Art Juice – сок во кој ја има и уметноста на природата и умешноста да го ползуваме најдоброто од неа. Тоа е нашата уметност на правење сок од срцевидното овошје со најубава црвена боја.

- Advertisement -

Од каде ја добивате суровината за сокот?

Најпрво компанијата како суровина користеше калинки од сопствените овошни насади и изврши откуп на дополнителни количини од околу 80 тони од локалните одгледувачи. Идејата да се отвори ваков производствен капацитет на југот на државата носи бенефит и за компанијата, но и за земјоделците. Имено, „Органик Нар“ ќе има пристап до суровина за сок во непосредна близина и без значителни транспортни трошоци, додека земјоделците обезбедуваат пласман за своето производство. Во првата година компанијата произведе 50 тони сок.

Во меѓувреме, сведоци сме на зголемениот интерес за одгледување на калинката кај локалните овоштари, нешто што не се случило со години. Одгледувањето и откупот на калинка долго беа запоставувани.

По што е специфичен сокот или по што се разликува од другите на пазарот?

-Специфично е што сокот се добива исклучиво од зрната на калинката, додека останатиот дел од плодот се отстранува како отпад при процесот на производство. Сокот е од 100% калинка, без адитиви и шеќери, што им е посебно важно на оние кои водат грижа за себе и за здравата исхрана. Тука, како посебна категорија спаѓаат и спортистите. Art Juice во моментов е достапен во bag-in-box амбалажа во пакување од еден и пол литар, но наскоро се планира и стаклена амбалажа.

Какви ви се плановите за производствените капацитети, за човечките ресурси и секако за производите?

-Главни цели на „Органик Нар“ во претстојниот период се успешно лансирање на пазарот на сокот од калинка, користење ефикасни дистрибутивни канали за негов пласман и продажба на крајните корисници. Надвор од нашата фабрика за сокови ќе се погрижиме да бидеме добри соседи и да помагаме во поддршка на локалната заедница. Во целиот процес ангажираме локални работници, инвестираме во локално производство на калинка, нудиме можности за развој на земјоделците што се занимаваат со одгледување калинки.

Деновиве склучивме договор за соработка и со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде што ќе ги правиме сите стручни анализи и ќе работиме на заеднички проекти. Оваа спрега земјоделци-производител – научна фела е од особено значење за нас. За возврат нашата компанија на студентите на ТМФ ќе им понуди пракса во производствениот капацитет во Богданци.

Концептот на „Органик Нар“ е да отвори нова страница во југоисточниот регион, каде што до скоро земјоделците ја фрлаа калинката, бидејќи немаа откуп. Ова благородно овошје за одгледување како да беше целосно заборавено или потценето. Сакаме да го промениме тоа. Нашата визија е препознаена и од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, a поддржана од Шведската организациија за развој We Effect, што ни е особено драго. Во иднина планираме и едукација на младите за тоа дека природните ресурси и благата медитеранска клима можат да придонесат за развој на целиот регион. Повторно се враќаме на почетокот дека калинката е или може да биде симбол за развој и на идните генерации.

Сподели!
- Advertisement -