Австралијци сакаат да направат бесконечен воз кој никогаш не мора да се стопира

- Advertisement -

Австралиски инженери работат на проект за воз кој никогаш нема да мора да се стопира за да се наполни гориво и на кој нема да му треба огромна електрична инфраструктура, туку ќе добива енергија исклучиво користејќи ја силата на гравитацијата.

Доцнењето и откажувањето возови се најголем проблем за сите патници, но доцнењето со овој воз сигурно би било сведено на најмала можна мера затоа што не би морал да застане за да наполни гориво, туку би имал постојан извор на енергија.

- Advertisement -

Австралиските инженери работат токму на тоа во склоп на проект вреден 50 милиони долари. Нивната задача е да го создадат првиот т.н. бесконечен воз (Infinity Train) во светот, кој ќе се придвижува со помош на силата на гравитацијата и кој би бил пуштен во железничката мрежа во текот на оваа деценија.

Тој воз ќе работи на електрична батерија која нема да треба да се полни на конвенционален начин со вообичаена инфрадтруктураза полнење и наместо тоа ќе се користи гравитациската енергија на деловите од пругата кои се на удолнина. Со кочењето при забавување на возот ќе се генерира електрична енергија и теоретски тоа ќе значи дека возот ќе може да превезува материјали и еден ден луѓе без потреба од стопирање да наполни гориво.

- Advertisement -

Австралиската инженерска компанија Fortescue Future Industries, која стои зад тој план, вели дека исто така ќе ја отстрани потребата за возови на дизел погон. Нивниот воз ќе работи на истиот начин на кој работат хибридните електрични автомобили.

Infinity Train треба да помогне во забрзувањето на трката на Fortescue да постигне нето нулта емисија до 2030 година, а исто така ќе ги намали и оперативните трошоци и ќе создаде ефикасни можности за одржување.

- Advertisement -

Моментално компанијата има 54 локомотиви кои влечат гарнитура од 16 возови, заедно со друга мобилна опрема. Секој воз е долг околу 2,8 км и може да превезе 34.404 тони железна руда во 244 вагони. Системот моментално се базира на дизел мотори, кои годишно трошат 82 милиони литри дизел гориво. Компанијата се надева дека драстично ќе ја намали таа употреба и на крајот целосно ќе ја укине во текот на наредните неколку години со помош на својот бесконечен воз.

(Daily Mail)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -