Русија стартува сопствена верзија на Instagram – Rossgram

- Advertisement -

Додека некои руски корисници и инфлуенсери беа многу погодени од прекинувањето на услугите на Instagram во земјата, дел од нив заклучија дека не е крај на светот и своите онлајн активности ги префрлија на други платформи како, на пример, VKontakte. Но, освен таа мрежа, која многумина ја нарекуваат руска верзија на Facebook, на Русите наскоро ќе им биде достапна и руска верзија на Instagram.

Имено, технолошки претприемачи од Русија за крајот на овој месец планираат да лансираат апликација за споделување фотографии која ќе биде наменета само за тој пазар. Rossgram, како што ќе се вика мрежата, треба да го замени Instagram во Русија, а освен споделување фотографии, платформата ќе има и некои дополнителни опции како crowdfunding, можност за наплата на одреднеи содржини и сл.

- Advertisement -

Како што објасни претприемачот Александер Зобој, тој и група девелопери биле спремни за забраната на Instagram во Русија и одлучиле да ја искористат приликата и да направат руска верзија на популарната апликација.

Instagram во Русија беше забранет откако од Metа објавија дека на своите платформи ќе дозвлат пораки и објави во кои се повикува на смрт на руските освојувачи, што е проемна на нивните правила за користење, а го дозволија тоа затоа што сметаат дека не е исправно на Украинците да им се забрани изразување отпор кон окупаторот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Rossgram)

Сподели!
- Advertisement -