Украинците го фалат интернетот на Маск: Starlink е исклучително ефикасен

- Advertisement -

Од почетокот на инвазијата во Украина во земјата е отежнат пристапот до интернет, па заменик-премиерот на земјата го повика милијардерот Илон Маск да им помогне со својот вселенски итнернет Starlink. Маск веднаш им испрати терминали и го активираше интернетот над Украина.

Досега во Украина се испратени илјадници сателити, а како што изјави заменик-премиерот минатата недела, секој ден пристигнуваат нови терминали на Starlink. Тој уште еднаш му се заблагодари на Маск и рече дека Starlink се покажал исклучително ефикасен, а квалитетот на услугата е одличен. Благодарение на Starlink граѓаните и државните институции имаат пристап до интернет.

- Advertisement -

Но, обезбедувањето сателитски интернет за Украина не помина незабележано во Русија и првиот човек на нивната вселенска агенција Роскосмос, Дмитри Рогозин, изјави дека сега цивилна технологија се користи во воена зона за да се загрозат руските интереси во Украина. Тој веројатно мисли на користењето на Starlink за управување со напади со дронови врз руските сили.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -