Санкциите на Австралија кон Русија ја покачија цената на алуминиумот

- Advertisement -

Цената на ауминиумот нагло порасна поради одлуката на Австралија да се забрани извозот на суровини од Русија, што го зарозува производството на алуминиум од московскиот гигант.

Австралиската рударска компанија, која управува со заедничкото претпријатие Queensland Aluminum, соопшти дека ќе се придржува до одлуките на Канбера и дека е во тек прекин на деловните активности со руските партнери после нападите на Москва врз Украина.

- Advertisement -

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека бродот кој треба да пристигне неделава за товарење на алумина за Русија, клучен елемент во производството на алуминиум, нема да биде натоварен. Австралија испорачува речиси 20% од алумината во Русија.

Цената на алуминиумот на вчерашното тргување на Лондонската берза скокна за дури 5,1% на 3.554 долари по тон. Од почетокот на годинава досега алиминиумот поскапе за околу 27%.

- Advertisement -

Залихите на овој метал, кој се користи во речиси сите индустрии, беа при крај уште пред војната во Украина, а насилствата на Русија врз Украина предизвикаа хаос на глобалните берзи на стока.

Актуелниот развој на настаните после австралиската одлука се заканува да го зајакне инфлаторниот притисок врз глобалната економија. Русија е клучен снабдувач со алуминиум за многу земји, вклучувајќи ги Турција, Кина и Јапонија

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: snl.no)

Сподели!
- Advertisement -