Шведски научници ја создадoа наjуверливата вештачка кожа досега

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Борас во Шведска пронајдоа начин како да направат одржлива вештачка кожа од габи кои се наоѓаат во стар леб. Шведските научници тврдат дека за нивната кожа со габи треба многу помалку време за да се произведе во споредба со другите алтернативи на пазарот и дека за разлика од некои, нивната вештачка кожа е на 100% биолошка база.

Габите кои тие ги користеле може да се искористат и за изработка на производи од хартија и како замена за памук, со својства споредливи со традиционалните материјали.

- Advertisement -

За да го создадат новиот материјал научниците користеле спори на габите познати како Rhizopus delemar, кои обично може да се најдат во храна која се расипува. Тие ги хранеле тие габи со леб кој го исушиле и го сомлеле, па го помешале со вода во пилот реактор.

Додека габите се хранеле со лебот произведувале микроскопски природни влакна од хитин и хитозан, кои се собирале во клеточните структури. Габчните клетки потоа ги ставиле на рамна плоча и ги исушиле за да добијат материјал сличен на кожа.

- Advertisement -

Првите прототипови кои ги направил тимот биле тенки и недоволно флексибилни, вели главниот автор на студијата, д-р Акрам Замани од Универзитетот Борас во Шведска. Неговиот тим сега работи на подебели верзии кои се состојат од повеќе слоеви за подобро да ја имитираат животинската кожа. Тие композити вклучуваат слоеви третирани со танин добиен од дрво, кој дава мека структура во комбинација со слоевите третирани со алкалии. Флексибилноста, цврстината и сјајот на вештачката кожа се подобрени со третмани со глицерин и лепило на биолошка база.

Резултатите на шведските научници ќе бидат претставени на пролетниот состанок на Американското хемиско друштво (ACS).

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -