Поранешната најдобра тенисерка на Македонија денес патува по светот и им помага на локалните заедници на три континенти

- Advertisement -

Ива Велковска е Mакедонката која го инспирира светот. Патува и иницира волонтерски акции за помош на локалните заедници на три континенти. Патувањата низ светот и запознавањето на луѓе од различни култури и со различни потреби ја инспирирало да ја отвори својата платформа Generetion Impact. Со неа досега има направено над 20 акции со кои помогнала на над 1.000 луѓе.

Но желбите и целите на Ива не застануваат тука. Таа сака уште повеќе да ја прошири мисијата на Generetion Impact, со поголем број на иницијативи, особено сега, во периодот кога светот треба да започне да заздравува од пандемијата на Ковид 19.  

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Која е Ива Велковска, а што е Generetion Impact?

Јас сум поранешна најдобра тенисерка на Македонија. Добив стипендија во САД каде што дипломирав и магистрирав.

- Advertisement -

Generation impact, пак, е онлајн платформа за меѓународни волонтерски можности и иницијативи кои се фокусираат на соработка со локалните заедници (mission trips) за да се обезбеди поддршка онаму каде што е најпотребна и преку кои може да се допринесе за позитивно влијание врз тие луѓе и заедници.

Во основата на Generetion Impact е концептот на „патување за волонтирање“. Што покажуваат истражувањата на оваа тема и од каде всушност произлезе и концептот на Generation Impact?

- Advertisement -

Веќе долго време патувам низ светот и поголемиот дел од времето тоа го правам сама. На тој начин запознавам и се дружам со многу луѓе од локалните заедници преку кои директно ја запознавам културата и во прво лице гледам кои се најбазичните потреби. Преку моите патувања се најдов и себеси помагајќи во остварување на различни проекти или собирање ресурси за тие потреби.

Како, со чија помош и од каде почна да се реализира концептот на оваа онлајн платформа?

Колку повеќе почнав да помагам, толку повеќе се ширеше мисијата на  Generation impact. Различни луѓе и организации започнаа да ме контактираат преку социјалните медиуми со прашања како можат да се вклучат во мисијата, да помогнат, да придонесат со ресурси или да соработуваат.

Како функционира платформата и колку луѓе досега ја имаат користено? Кои се досегашните резултати?

Во моментов, најголемиот интерес се остварува преку социјалните мрежи бидејќи луѓето така најдобро го гледаат импактот на она што го работиме, а во меѓувреме работиме и на маркетингот на платформата. Досега имаме направено над 20 иницијативи меѓу кои и градење куќи, локални градини, подигнување на мали бизниси како салони за убавина или помагање на локални улични продавачи со тоа што им помагаме со снабдување со технологија и ширење на нивните продукти и надвор од државата. Досега имаме околу 300 активни соработници кои имаат вложено во иницијативите, преку кои сме помогнале на повеќе од 1.000 луѓе.

Во кои земји досега се реализирани иницијативи?

Досега имаме правено иницијативи во Мексико, САД, Колумбија и Македонија.

Како планирате да се развивате понатаму и да вклучувате што повеќе субјекти?

Целта ни е што повеќе луѓе да дознаат за нашата платформа Generation impact. Особено со пандемијата на Ковид 19, има голем интерес како и каде може да се помогне. Луѓето сакаат да помагаат и да направат нешто од значење, но понекогаш и не знаат како.

Ние, пак сакаме да понудиме различни видови мисии, локални или со патувања, каде што секој би имал прилика да придонесе во зависност од својот интерес. Generation impact сака да ја разбуди љубопитноста кај човект. Во моментов почнуваме да соработуваме и со поголеми компании со што би се проширила веста за Generation impact.

Што работиш во моментов и кои се твоите идни планови?

Во моментов сум стационирана во Сан Диего, Калифорнија, но минатата година патував осум месеци низ Европа и Јужна Америка. Градевме проекти, а истовремено ги запознавав различните култури и локалните потреби. Оваа година веќе започна на тој начин. Во мај се враќам во Јужна Америка и Европа, а целта овојпат ни е поголема. Кога сум во Сан Диего тренирам тим на јуниорски тенис, трчам на плажа, волонтирам со деца со специјални потреби и поминувам време со мојот лабрадор Бела која има 11 години. Целта ми е да проширам што може повеќе љубов и љубезност, и знам дека секој е способен за такво нешто, само ако има малку љубопитност.

Сподели!
- Advertisement -