Погледнете ја најдеталната фотографија од Сонцето досега

- Advertisement -

Pogledajte najdetaljniju ikad snimljenu fotografiju Sunca koja prikazuje svu njegovu raskoš

Кога го гледаме Сонцето од Земјата, често не можеме да ги видиме сите детали кои би сакале да ги видиме. Затоа Европската вселенска агенција кон сонцето испрати летало кое на Земјата врати неверојатно детални и прекрасни фотографии од Зонцето.

- Advertisement -

Фотографиите кои се направени на 7 март покажуваат детали како што се Сончевиот диск и надворешната атмосфера, а воедно се и најдеталните фотографии кога било направени од Сонцето.

Меѓу фотографиите е и таа која на направи инструментот SPICE instrument (Spectral Imaging of the Coronal Environment), a е првата таква фотографија од Сонцето во последните 50 години.

- Advertisement -

Колку е детална фотографијата најдобро зборува фактот дека е составена од 25 индивидуални фотографии кои се направени една по друга во текот на период од четири часа. Вкупно финалната фотографија има повеќе од 83 милиони пиксели.

SPICE е дизајниран за да ја следи Сончевата атмосфера, да мери различни бранови должини на ултравиолетовата светлина, но и да ја мери температурата на Сонцето.

- Advertisement -

Така настанало и многу интереснa фотографија која Сонцето го покажува во сите бои, односно температурите на сите слоеви. Така, виолетовата одговара на температура од околу 10.00 степени Целзиусови, сината на 32.000 степени, зелената на 320.000 степени, а неон жолтата на 630.000 степени Целзиусови.

Фотографиите ќе им овозможат на научниците да ги следат многу битните ерупции кои се случуваат во Сончевата атмосфера, но и да проучуваат како се менува температурата во зависност од слоевите во атмосферата.

(Zimo)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -