Waymo почнува да тестира целосно автономни такси-возила во Сан Франциско

- Advertisement -

Waymo неделава направи битен чекор напред кон воведување на такси услугата со возла во кои нема да има возач. Досега во Сан Франциско тестираа автомобили со кои управува компјутер, но на местото на совозачот сед човек кој реагира ако има потреба. Но, сега компанијата почнува со тестирање автмобили во кои воопшто нема возач.

За почеток тестирањето нема да биде отворено за јавноста, туку само за вработените на Waymо, кои на ограничено подрачје во Сан Франциско ќе можат да уживаат во целосно автономно возење. Ако сите тестирања поминат успешно, одноосно ако возилата без возач се покажат доволно способно за совладување ан предизвиците по улиците на Сан Франциско, тестирањето ќе се прошири и на јавноста. Луѓето кои ќе сакаат да уживаат во тавкиот револуционерен превоз ќе треба да повикаат такси преку посебна апликација на Waymo и да ја изберат опцијата возење без такси возач.

- Advertisement -

Waymo е дел од Alphabet, компанијата-мајка и на Google, и ваков такси сервис веќе стартуваше во Аризона, односно на ограничен дел од Феникс. Досегашните впечатоци на луѓето таму се и повеќе од позитивни. За многумина возењето со такси во кое нема возач е монотоно зашто таквите возила ги почитуваат сите правила по патот, односно нема забрзување и нагло кочење, додека други така се чувствуваат побезбедно.

Во секој случај, првите впечатоци за таквата услуга се возбуда и одушевување, но потребно е да помине повеќе време за луѓето целосно да се прилагодат на тоа.

- Advertisement -

Освен новата услуга во Сан Франциско, од Waymо најавија дека ќе го прошират подрачјето на кое нивните целосно автономни возила превезуваат патници во Феникс.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -