Facebook сака да го сокрие бројот на „лајкови“

- Advertisement -

Facebook наскоро веројатно ќе започне со анализи и тестирања врз база на кои ќе се одлучи дали ќе се сокријат „лајковите“ или не. Истражувачката апликација Hane Manchen Wond пронашла код во Android апликацијата на Facebook кој е задолжен за сокривање на бројот на „лајкови“ од објавите од сите луѓе освен од тој што ја ставил објавата. Останатите корисници би можеле да видат само неколку емотикони како реакција и известување дека на таа објава ставил „лајк“ некој друг корисницик на Facebook.
Тоа би имало смисла затоа што Instagram веќе почна да тестира сокривање на бројот на „лајкови“, а има знаци и дека тестирањето засега е успешно и се проширило на повеќе земји. Луѓето кои досега се дел од тестирањето го одобруваат овој систем и признаваат дека им се допаѓа.
Иако „лајкови“ се заштитен знак на Facebook веќе десет години, корисниците се повеќе се жалат дека бројот на „лајкови“ на некоја објава ги прави да се чувствуваат лошо, а некои се грижат дека на другите луѓе не им се допаѓаат нивните објави. Поради тоа може и да се откажат од објавување или можеби ќе избришат некои поранешни објави затоа што не биле добро прифатени. Отстранувањето на „лајковите” би го тргнало тој притисок од корисниците.

Сподели!
- Advertisement -