На Србија и недостасуваат работници за берење малини

- Advertisement -

За разлика од минатите години кога производителите на ова овошје го ризикуваа своето производство под отворено небо, оваа сезона ситуацијата е поинаква, бидејќи се повеќе одгледувачи на малини ги осигуруваат насадите од елементарни непогоди.

„Пред да почнеме со било каква работа во насадите, прво ги осигуруваме. Осигурувањето беше многу поволно во претходниот период, државата субвенционир 70 проценти, а производителот дава 30 проценти. Осигурувањето многу ни значи на сите, бидејќи сме многу порелаксирани додека работиме и знаеме дека на крајот од производството ќе имаме сигурна заработка, без разлика какви ќе бидат временските услови“, вели одгледувачот на малини Драгош Луковиќ од Србија.

- Advertisement -

Сведоци сме дека во последните неколку години имаше се, од мраз, дожд до суша, така што осигурувањето е спас за земјоделците, бидејќи влогот е навистина голем, додава тој.

Но, она што им отежнува на производителите на малини годинава, но и на сите други земјоделци, е недостигот од сезонски работници.

- Advertisement -

„Подготвени сме добро да ги платиме работниците, но има се помалку заинтересирани да работат на насадите во Ариље, па ќе биде имеме проблем со бербата на малини“, вели Луковиќ.

Тој напоменува дека е евидентно дека малините годинава ќе имаат повисока цена, како последица на значителното поскапување на репроматеријалите.

- Advertisement -

извор: dnevnik.rs

Фото – pxhere

Сподели!
- Advertisement -