Речиси половина од сопствениците на криптовалути по прв пат купиле во 2021 година

- Advertisement -

Биткоин и криптовалутите и станаа познати на јавноста кон крајот на 2017 година кога почна крипто-лудилото и некои се збогатија преку ноќ, додека други ја изгубија заштедата и се задолжија. Потоа следуваше период кога цената на биткоин беше релативно стабилна, а на средината на 2020 година скокнаа цените на криптовалутите. Со оглед на тоа дека тога почна и пандемијата на корона вирусот, луѓето на почетокот беа внимателно со инвестирање, но бидејќи цените продолжија да растат, многумина заборавија на ризикот и почнаа забрзано да инвестираат во крипто-богатство.

Тоа доведе до уште поголем раст на криптовалутите, кои достигнаа врв во ноември минатата година. Тој голек скок ги натера и оние кои се многу внимателно со финансиите да инвестираат пари во етереум, биткоин и други криптовалути.

- Advertisement -

Дека минатата година сите полуделе по криптовалутите покажаа и резултатите од истражувањето на берзата за криптовалути Gemini. Истражувањето спроведено над речиси 30.000 луѓе од 20 земји покажало дека речиси половина од сопствениците на виртуелни валути по прв пат купиле криптовалута минатата година.

Најголем дел од новите сопственици се од Бразил и Индонезија – речиси 41% од испитаниците од тие земји поседуваат криптовалути, додека тој процент во САД и Велика Британија е 20%, односно 18′. Што се однесува на земјите од ЕУ, 17% од испитаниците поседуваат криптовалути и само 7% од нив кои не поседуваат такви валути планираат да инвестираат во биткоин и други валути.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Quote Inspired)

Сподели!
- Advertisement -