Ова е првиот дезодоранс во светот кој создава нула отпад

- Advertisement -


Пластичниот отпад е еден од најголемите глобалну проблеми моментално. Сепак, кога станува збор за пластиката која ја користиме секојдневно, тешко е да се елиминира. Благодарение на компанијата Human Essentials сега има нова опција – дезодоранс кој создава нула отпад.

Патентираниот канистер на Human Essentials е направен со користење на нула пластика. Наместо тоа, 100% е биоразградлив и може да се рециклира како хартија или да се компостира. Зад себе нема да остави воопшто отпад, кој на крајот ќе ги загадува океаните како сите други канистри што се продаваат.

- Advertisement -

Канистерот од оваа канадска компанија е направен од материјал на растителна база, веган и не вклучува тестирање на животни. Досега линијата производи на оваа канадска компанија има четири различни мириси. Едната формула е направена од морска сол, гуава и кокос. Друга е направена од еукалиптус и планински бор. Основната формула содржи природни состојки како шеа путер и кастор масло и исто така е антибактериска, антигабична и антивоспалителна.

Освен тоа, дезодорансот е дизајниран за да им помогне на спортистите и нуди моќна заштита од потење дури и при најголем напор. Природните формули не содржат алуминиум и парабени, кои штетно влијаат на хормоналниот баланс.

- Advertisement -

За разлика од другите дезодоранси, овој не се прска. Наместо тоа, дизајниран е да се лупи надворешната обвивка по потреба се додека не се потроши дезодорансот. Остатокот од амбалажата потоа може да се рециклира или да се компостира.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Human Essentials)

Сподели!
- Advertisement -