Земјата ги руши сите рекорди – температурите периодов се највисоки во последните 100.000 години

- Advertisement -

Службата на ЕУ за следење на климатските промени Copernicus денес објави дека минатиот месец бил најтопол март во историјата на мерењето, со што се прекинува 10-месечната низа во која секој последователен месец поставуваше нов температурен рекорд, при што температурата на површината на морето достигна нов апсолутен месечен рекорд за глобална морска температура.

Секој од последните десет месеци е рангиран како најтопол кога било досега забележан во светот во споредба со соодветните месеци од претходните години, покажуваат податоците од месечниот билтен на Copernicus.

- Advertisement -

Значи, тоа не е само десетти последователен месец кој го собори сопствениот топлински рекорд, туку и глобалната просечна температура во последните 12 месеци кога било евидентирана и го надминува прединдустрискиот просек за 1,58 степени Целзиусови после децении емисии на стакленички гасови, чиј ефект од средината на 2023 година посебно го нагласува феноменот Ел Нињо.

Тоа е долгорочен тренд со исклучителни рекорди кои се загрижувачки, а следењето на ваквите записи од месец во месец навистина покажува дека нашата клима многу брзо се менува.

- Advertisement -

Податоците на Copernicus се од 1940 година досега, а научниците го споредуваат со останатите релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец бил најтоплиот март од преиндустрискиот период досега.

2023 година беше најтопла година на планетата од светските записи кои датираат од 1850 година. Ектремните временски услови и исклучителните температури годинава предизвикаа пустош. Сушата предизвикана од климатските промени во регионот на амазонските прашуми во периодот од февруари до март предивика рекорден број на шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе во глад.

- Advertisement -

Податоците за морињата и океаните не се ништо помалку шокантни затоа што новиот рекорд на глобалните температури на површината на океаните поставен во февруари повторно беше надминат во март. океаните покриваат 70% од планетата и ја одржуваат земјината температура погодна за живот така што апсорбираат 90% од вишокот топлина произведена од загадувањето со јаглерод диоксид, кое е резултат на човечките активности од почетокот на индустриската доба досега.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -