ВИДЕО: Ова е најголемата пловечка соларна фарма во Германија

- Advertisement -

Ова е најголемата соларна фарма во Германија. Се гради на езеро кое не се користи. Кога ќе профункционира, ќе произведува доволно енергија за 600 домови и ќе се заштеди емисија на СО2 од 1.100 тони годишно.

Креаторите BayWa r.e. велат дека соларните фарми во иднина ќе играат ногу битна улога за независноста на Германија од фосилните горива на Русија. Фармите може да се постават брзо и лесно, па така некористените езера во земјата ќе може да обезбедат капацитет за генерирање енергија од 20 гигавати. Тоа е доволно за греење и осветлување на 14 милиони домови.

- Advertisement -

Триесет земји во светот имаат изградено пловечки соларни фарми. Швајцарија, на пример, ја изгради првата пловечка соларна фарма на највисока надморска височина во Алпите од 1.810 метри. Таа фарма генерира 50% повеќе енергија отколку фармите на помала височина затоа што поради потенкиот воздух сонцето е појако. Освен тоа, многу синчеви зраци се одбиваат од околниот снег и се рефлектираат врз соларните панели.

За да ги достигнеме зададените климатски цели од Климатскиот договор во Париз до 2050 година енергијата од сонцето и од ветрот ќе треба да изнесуваат 70% од вкупната енергија.

- Advertisement -
(World Economic Forum)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -