Француско гратче е изградено специјално за болни од Алцхајмер

- Advertisement -

Во Франција постои гратче кое е целосно дизајнирано за во него да живеат луѓе кои се болни од Алцхајмерова болест. Гратчето е изградено на принципот на старечки дом, но имајќи ја на ум автономијата на жителите.

Жителите таму можат да одат сами да пазаруваат, да одат на кафе, да посетат фризерски салон, а навечер имаат музички приредби и рецитали. Сето тоа е така организирано за луѓето кои живеат таму да се чувствуваат како да имаат нормален живот и некој вид на рутина.

- Advertisement -

Француски истражувачи одблиску следат што се случува во гратчето и дали овој модел на нега за болните од Алцхајмер може да го забави напредокот на болеста. и се разбира, дали вреди за парите што се плаќаат – секој жител таму плаќа по 28.000 долари годишно, а француската влада субвенционира половина од трошоците.

Зошто владите се интересираат за вакви проекти? Затоа што населението во светот полека старее – денес 1 од 11 луѓе има 65 или повеќе години. До 2050 година тој сооднос ќе биде 1 наспрема 6.

- Advertisement -

Деменцијата, чија најпозната форма е Алцхајмеровата болест, зафаќа се повеќе луѓе во светот. Денес околу 50 милиони луѓе во светот имаат деменција. До 2050 година се очекува тој број да се зголеми трикратно. Во 2015 година болните од деменција ги чинеа оштествата 818 милијарди долари.

До ден-денес се уште нема лек за таа болест, но постои надеж дека проектите како ова француско гратче можат да го подобрат животот на болните и на нивните семејства.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -