Гугл и Фејсбук мора подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза и дезинформации!

- Advertisement -

Големите технолошки компании како Гугл и Фејсбук, односно Мета, ќе мора построго да ги контролираат своите платформи за подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза, дезинформации и други штетни онлајн содржини според легислативата на ЕУ, пренесе американското Национално јавно радио.

Претставниците на Европската унија во саботата постигнаа начелен договор за Законот за дигитални услуги по долгите финални преговори. Законот, исто така, ќе ги принуди технолошките компании да им овозможат на корисниците полесно да ги означуваат проблемите, да забранат онлајн реклами наменети за деца и да ги овластат регулаторите да го казнат непочитувањето со милионски казни.

- Advertisement -

Законот за дигитални услуги ќе помогне да се зацврсти репутацијата на Европа како глобален лидер во напорите да се заузда моќта на компаниите за социјални медиуми и другите дигитални платформи.

„Со ДСА (Законот за дигитални услуги), се ближи крајот на времето кога големите онлајн платформи се однесуваат како да се ‘преголеми за да се грижат’“, рече еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

- Advertisement -

Потпретседателката на Комисијата на ЕУ, Маргрет Вестагер, додаде дека „со денешниот договор обезбедуваме дека платформите се одговорни за ризиците што нивните услуги можат да ги претставуваат за општеството и граѓаните“.

Сподели!
- Advertisement -