Научници од МИТ направија звучник тенок колку лист хартија

- Advertisement -

Инженери од МИТ направија ултратенок звучник кој може да се користи за репродукција на звук на големи површини. Уникатниот дизајн на звучникот е енергетски ефикасне и едноставен за производство во големи количини.

Звучниците работат така што вибрираат една мембрана, која манипулира со воздухот над мембраната за да произведе звучни бранови. Во звучниците кои се наоѓаат во аудиосистеми или слушалки тоа се прави со помош на електрична струја и магнетни полиња.

- Advertisement -

Но, последните години научниците развија начини за постигнување слични резултати со многу потенки уреди. Звучниците кои се тенки користат пизоелектрични материјали кои вибрираат како одговор на примената на напон. Тие се користат во телефоните и телевизорите, па дури и експериментално за создавање звучници од необични материјало како што се знамиња.

Проблемот е во тоа што таквите тенки звучници мора да бидат или самостојни или да бидат одвоени од други површини, затоа што во зпротивно се намалува нивната способност за вибрирање и производство на звук. Но, инженерите од МИТ сега ги редизајнирае тенките звучници за тие да можат да се инсталираат на различни површини.

- Advertisement -

Наместо целата површина од мембраната да вибрира, тимот направил материјал во мрежа од подугнати куполи, кои вибрираат ензависно една од друга. Тао се постигнува со поставување на тенок слој од пизоелектричен материјал (само 8 микрометри) помеѓу два слоја PET пластика. Едниот PET слој има мрежа од ситни дупчиња низ кои излегува пизоелектричниот материјал, а долниот PET ја штити мембраната.

Звучниот кој го дизајнирале е широк само 120 мм и тежок само 2 грама. За да го тестираат го поставиле на ѕид и го измериле звукот што го произведува. Тој можел да произведе до 66 децибели со 25 V електрична енергија на 1 kHz и 86 децибели на 10 kHz.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -