ВИДЕО: SpaceX ги запали сите шест мотори на Starship

- Advertisement -

Сите шест Raptor мотори на Ship 24 прототипот на Starship накратко се запалија на 8 септември во Starbase погонот на компанијата SpaceX во Јужен Тексас. Овој најнов статистички тест означи уште еден чекор напред кон лансирањето на Ship 24, кој треба да го направи првиот орбитален тест лет на Starship програата во текот на наредните месеци.

Статистичкиот тест траел само неколку секунди, но пламенот горел во Starbase уште некое време потоа и предизвикал пожар на тревата, кој од безбедносни причини го гаснеле локалните пожарникари, како што можете да видите на видеото.

- Advertisement -

Starship и новата генерација на транспортен систем на SpaceX за длабоката вселена. Компанијата го развива за да ги однесе луѓето на Марс и подалеку. Возилото е составено од два дела кои целосно можат повторно да се користат, а и двата имаат големи Raptor мотори.

SpaceX се подготвува за многу битен орбитален лет со Starship, кој ќе ги вклучува ​​Ship 24 и Super Heavy, познат како Booster 7. Компанијата ги тестираше и двата во Starbase во текот на изминатите неколку месеци, изведувајќи статистички палења и други тестови.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -