На 12 мај, по четврти пат, ќе се случува хуманитарната велодружба Cycle4Charity. И овој пат, велодружбата започнува пред канцелариите на Интертек во Скопје со почеток од 17:30 часот.
Каде да се пријавам за учество?
За да бидете дел од нашата велодружба, пријавете го вашето учество овде, најкасно до 12 мај. Точната локација и рутата како и повеќе информации за четвртата хуманитарната велодружба “Cycle4Charity” ќе бидат дополнително објавени на официјалните Facebook и LinkedIn профили на Интертек.
Која е целта на овој настан?
Целта на овој настан е да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во нашата заедница и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.
Каде ќе бидат донирани паричните средства?
И овојпат, сите средства кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности под името Вистински Дела На Љубезност“.
Кој може да учествува со своја донација?
Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со онлајн донација од 200 денари на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ со назнака донација за Cycle4Charity.
ИТ компаниите, кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат како индивидуалци или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата онлајн донација треба да ја направат на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ со назнака донација за Cycle4Charity.
Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.