Tesla изгуби 126 милијарди долари за еден ден откако Маск објави дека го купува Twitter

- Advertisement -


Компанијата за електрични автомобили на Илон Маск, Tesla, изгуби 126 милијарди долари од својата вредност за само еден ден. Акциите на компанијата продолжуваат да паѓаат откако нивниот извршен директор ја објави својата намера да го купи Twitter, напиша Bloomberg.

Минатата година поради скокот на цената на истите тие акции и богатството на Маск се зголеми и му помогнаа да се најде на врвот на листата со најбогати луѓе во светот, Компанијата и понатаму работи добро, со рекордни приходи и маргини во првиот квартал од оваа година, но цената на акциите паѓа од почетокот на овој месец.

- Advertisement -

Падот на вредноста почна кога Маск објави дека купил голем удел во Twitter. Според извештајот на Bloomberg, вкупниот пад досега e 275 милијарди долари, што е 23% помалку од почетната вредност на компанијата на почетокот на месецот.

Tesla не е директно поврзана со аквизицијата на Twitter, но финансискиот план кој го претстави Маск за купување на социјалната мрежа вклучува 21 милијарди долари во кеш,кој аналитичарите сметаат дека ќе го набави со продажба на акции во Tesla. Сепак, не е губењето пари што најмногу ги плаши инвеститорите во Tesla, туку времето кое Маск ќе го посветува на Twitter.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -