ЕУ ковид – сертификатите ќе важат 9 месеци, потоа ќе треба бустер – доза

- Advertisement -

Ковид – сертификатите за Европската Унија, кои се користат за меѓудржавните патувања, ќе важат девет месеци по последната доза вакцина, стои во новите препораки за патувања на Европската Комисија, кои беа објавени денеска.

За продолжување на нивната важност ќе биде потребна дополнителна доза од вакцината (бустер-доза).

- Advertisement -

Новите податоци на Европскиот центар за заштита и контрола на болести (ЕЦДЦ) покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува по првите шест месеци и се препорачува бустер-доза за да се пролонгира имунитетот по овој период.

Европската Комисија вели дека три дополнителни месеци ќе бидат доволни за да се даде флексибилност на ЕУ државите во нивните кампањи за вакцинација. Здравствените политики се во надлежност на поединечните држави на секоја ЕУ членка, а истовремено и секоја држава спроведува посебна кампања за вакцинација. Сепак, набавката на вакцините се централизирани преку ЕУ низ заеднички договор.

- Advertisement -

Покрај доказ за вакцинација сертификатот исто така може да се добие преку негативен тест на коронавирус во последните 72 часа или пак по прележување на болеста.

Граѓаните кои немаат ваков сертификат ќе можат да патуваат но од нив може да се бараат да исполнат дополнителни услови пред или по нивното пристигање. Истите правила ќе важат и за сите млади повозрасни од 12 години.

- Advertisement -

До денеска повеќе од 76% од полнолетната популација на ЕУ е целосно вакцинирана, иако и понатаму постои голема разлика помеѓу државите.

Избор: radiomof.mk

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -