Познати плановите на Маск за Twitter

- Advertisement -

Откако Илон Маск договори преземање на Twitter, се постави прашањето што можее да очекуваме од оваа социјална мрежа во иднина. Неговите првични најави за слобода на говорот и алгоритам со отворен код се прилични обопштени и сите се прашуваат кои ќе бидат неговите први конкретни потези.

Неделава протекоа информаци во јавноста кои открија дел од тие небови планови. Имено, за да го финансира преземањето на социјалната мрежа вредно 44 милијарди долари на Маск му треба помош од банки и неговата комуникација со финансиските институции откри некои негови потези со Twitter.

- Advertisement -

Меѓу нив се споменува и новиот извршен директор на компанијата – Параг Агравал, кој неодамна ја презеде функцијата и таму ќе остане се додека не биде официјално преземањето, а потоа на негово место ќе седна нова личност. Маск, наводно, знае кој ќе го замени, но не ги споделил тие информации со банките.

Исто така, најавил и намалување на платите за членовите на одборот и за директорите, а она што сигурно нема да им се допадне на вработените е што во склоп со тоа кратење на трошоците се размислува и за откази. Дел од нив нема да се случат додека не се комплетира аквизицијата и Маск потоа треба да тргне во акција. Колку луѓе може да останат без работа и во кои оддели уште не е познато.

- Advertisement -

Што се однесува на другите работи што сака да ги смени кај Twitter, Маск најави нови опции со кои сака да ги зголеми приходите, а кои вклучуваат и нови начини на заработка од твитови кои содржат битни информации и од твитови кои ќе станат вирални. Маск спомена и дека на Twitter му треба поголема активност на познати личности и ибфлуенсери.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -