Кои се најдобрите градови за живот за дигиталните номади?

- Advertisement -


За сите луѓе на високи позиции кои се претвораат во дигитални номади после пандемијата нема подобро место за живот од Лисабон, Португалија. Тоа е според истражувањето на компанијата за тргување со недвижности Savills Plc. Тие ги рангирале топ 15 пазари за недвижности во светот според нивната привлечност за луѓето кои работат на далечина. Главниот град на португалија има сонце најголем дел од годината и ниски трошоци за живот, па затоа има постојан прилив на новоседелци.

Лисабон ги нуди предностите на животот во град и бенефитите од животот во Европската унија. Од Savills велат дека брзиот интерент е уште една од причините зошто дигиталните номади ги привлекува градот, кој станува магнет за интернационални инвеститори. Странците прифаќаат да плаќаат повеќе од дупло за недвижност во Лисабон отколку што плаќаат локалците.

- Advertisement -

Веднаш зад Лисабон е Мајами, кој се наоѓа на второто место на индексот на Ѕavills. Даночните олеснувања, ниските каматни стапки и политиките за работа на далечина го прават Мајами популарна дестинација за луѓето од североисточните држави на САД. Дубаи, се наоѓа на трето место, а потоа следуваат Барбадос, Барселона и Дубровник. Нема азиски градови вклучени во индексот.

Целосната листа со топ 10 најдобри градови за живот за дигиталните номади следува во продолжение.

- Advertisement -

1.Лисабон

2.Мајами

- Advertisement -

3.Дубаи

4.Алгарве

5.Барбадос

6.Барселона

7.Дубровник

8.Санта Лучија

9.Малта

10.Антигва

(Bloomberg)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -