SpaceX e уверен дека луѓето ќе отпатуваат на Марс до крајот на оваа деценија

- Advertisement -

Основачот и шеф на SpaceX, Илон Маск, познат е по своите храбри предвидувања, кои честопати предвидуваат потсмев, но во најголем дел се остваруваат. Но, не во рокот што го кажал тој.

Така, Маск во повеќе наврати истакна дека сака со своите летала да ја однесе првата човечка мисија на Марс и дека тоа може да се случи пред 2030 година. Дури спомена и дека тој би можел да биде дел од една од првите мисии таму.

- Advertisement -

Иако од денешна перспектива тоа не изгледа многу реално, во SpaceX се одлучни во намерата тие предвидувања на Маск да станат реалност. Така, претседателката на SpaceX, Гвини Шотвел, во разговор за CNBC неодамна ги потврди изјавите на Маск.

„Мислам дека тоа ќе се случи оваа деценија, а на Месечината и порано од тоа. Мислам дека мора да испратиме конкретна мисија на површината на Марс затоа што тоа ќе ги натера луѓето да почнат да размислуваат за тоа. А потоа мислам за 5-6 години луѓето ќе видат дека тоа е место на кое навистина можеме да појдеме“ изјави Шотвел.

- Advertisement -

Но, за да го направиме тоа потребно е да решиме низа проблеми и препреки. Пред се, да направиме летало кое е доволно големо, моќно и брзо да ги однесе луѓето до Марс. SpaceX веќе со години работи на тоа и го гради леталото Starship.

Иако уште не е целосно подготвено, затоа што уште ги нема поминато сите тестови, како ни својот прв орбитален лет, Starship веќе е резервиран за некои кратки летови. Така, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава резервираше лет за околу Месечината кој треба да се реализира идната година, а НАСА за испраќање астронаути на Месечината во склоп на мисијата Artemis во 2025 година.

- Advertisement -

Ако успеат навстина да ги остварат овие амбициозни планови, тоа може доста да ги поремети плановите на НАСА, која првите луѓе на Марс планира да ги испрати десетина години подоцна од SpaceX.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -