Португалската електроенергетска компанија EDP објави дека го довршува поставувањето на најголемиот пловечки соларен парк во Европа, кој почнувајќи од јули годинава ќе и овозможи на Португалија премин на обновливи извори на енергија.
Поставени се 12.000 соларни панели на површина од четири фудбалски игралишта и имаат инсталиран капацитет од 5 мегавати. Панелите се поставени на акумулациското езеро Алкуева, кое е најголемо вештачко езеро во западна Европа.
„Овој проект е најголемиот пловечки соларен парк во склоп на хидроелектрана во Европа и ќе биде референтен за останатите слични проекти“ изјави шефот на проектот, Мигел Патена.
Панелите ќе произведуваат 7,5 гигават-часови електрична енергија, која ќе ја користат 1.500 домаќинства или 1/3 од потребите на блиските гратчиња Муора и Портел.
За складирање на енергијата ќе се користат литиумски батерии со капацитет од 2 гигават-часа. Струјата произведена од пловечкиот соларен парк со инсталиран капацитет од 5 мегавати ќе биде за 2/3 поевтина од струјата произведена во термоелектраните на гас.
(Bizlife)
(фото: YouTube)