Земјата изгуби 60% од дивите животни во последните 44 години

- Advertisement -

Популацијата на диви животни на Земјата е намалена за 60% од 1970 до 2014 година, се наведува во најновиот извештај на Светскиот фонд за природа, кој предупредува на драматичен, континуиран губиток и промени во биодиверзитетот.

За извештајот „Жива планета“, кој Светскиот фонд за природа фо направи со Лондонското зоолошко друѓтов, биле следени 4.0005 различни видови птици, риби, цицачи, водоземци и влекачи.  Директорот на Фондот, Марко Ламбертини, изјави дека зачувувањето на природата треба да опфати многу повеќе од само заштита на тигрите, пандите, китовите…

- Advertisement -

„Не може да постои здрава иднина за луѓето на планета со пореметена клима, исцрпени океани, уништена почва и опустошени шуми, на планета лишена од биодиверзитетот“ предупреди Ламбертини.

Исчезнувањето на фауната го има на целата планета, но некои региони, како што се тропските појаси, се особено загрозени. Во десеттото издание на извештајот „Жива планета“ забележано е намалување на популацијата на диви животни за 58%, додека експертите во годинашниот извештај предупредуваат дека ситуацијата се влошила и намалувањето е 60%.

- Advertisement -

Зоната на Јужна Африка и Карибите бележи застрашувачко намалување на популацијата од 89% за 44 години, се наведува во документот. Во тој период исчезнале 23% од фауната во Северна Америка и Гренланд, а во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток намалувањето е 31%.

На намалувањето на биодиверзитетот најмногу влијае прекумерното искористување и земјоделството, кои се резултат на зголемената потрошувачка на луѓето. За намалувањето на дивата популација придонесува намалувањето на природните ресурси, загадувањето и климатските промени. Биодиверзитетт е од суштинско значење за здравјето на луѓето, за благостостојбата, храната и безбедноста, како и за стабилноста на економските и политичките системи во светот.

Сподели!
- Advertisement -