SpaceX обучува астронаути за првата комерцијална вселенска прошетка

- Advertisement -

Четиричлениот екипаж на целосно цивилната мисија Polaris Dawn овој месец ќе почне со обуките за првата комерцијална вселенска прошетка во историјата. Мисијата, со кои ќе управува милијардерот Џеред Ајзакман, има за цел да стигне до највисоката точка од земјината орбита и да го собори сегашниот рекорд од 1.372 км над Земјата и да достигне висина од околу 1.400 км.

Ако се оди според планот, тоа ќе биде најдалечната точка до која летал човекот од последното слетување на Месечината во 1972 година. Ајзаксман напиша на Twitter дека е подготвен да се приклучи на екипажот на Polaris Program за обуките.

- Advertisement -

Според SpaceflightNow, Ајзаксмaн најавил дека екипажот на Polaris Dawn ќе почне со обуките откако SpaceX ќе заврши со мисиите на астронаути во април, вклучувајќи го и враќањето на Crew-3, лансирањето на приватната мисија Ax-1 и лансирањето на Crew-4.

Програмата Polaris е низа од лансирања, а со сите ќе управува Ајзаксман. Тој најави дека има договор со SpaceX за третата Polaris програма која ќе биде првата човечка комерцијална мисија со реупотребливата ракета Starship.

- Advertisement -

Но, пред да се случи тоа SpaceX мора да чека на одобрение од Федералната агенција за авијација (FAA) да го објави извештајот за влијанието врз околината и со тоа да даде зелено светло за првиот орбитален лет на Starship.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -