Наградени најдобрите менаџери за човечки ресурси во Македонија!

- Advertisement -

Синоќа во предвечерието на светскиот HR ден, Македонската асоцијација за човечки ресурси ги награди најдобрите.Доделени беа награди во три категории и тоа за Најдобар Менаџер за човечки ресурси, најдобар HR ентузијаст и најдобра HR практика. А Вработување.ком додели награда на најпосетуваниот огласувач

За Најдобар млад HR ентузијаст беше одбрана младата HR менаџерка Ника Ивановска од Upshift  која во својата изјава  рече дека награда воопшто не ја очекувала и максимално е изненадена со оглед на тоа што е на почетоците на кариерата во овој сектор, но е благодарана за наградата и истата му ја посветува на својот тим од Upshift.

- Advertisement -

– Наградата ќе ме мотивира што похрабро да чекорам напред и да постигнувам поголеми успеси во иднина и да допринесувам за HR заедницата – изјави Ива

За Најдобар HR менаџер беше прогласена Марија Тодоровска од Скопска Пивара. Која на бината со огромна возбуда им се заблагодари на своите „Пиварци“ но ги спомна и своите почетоци како дел од тимот на Вработување.ком

- Advertisement -

– Ги паметам почетоците кога на еден саем во Струга стоев на еден штанд… Па оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите кои веруваа во мене и ме бодреа да одам напред, го поздравувам најдобриот тим со кој работам моите „Пиварци“- со насмевка изјави Марија Тодоровска, Директор на Сектор за Луѓе и Култура

Наградата пак за најдобра практика отиде во рацете на Атлантик група и нивната идеја наречана Атлантик Банка. Во возбудлив избор и неизвесна трка помеѓу 17 номинирани практики Атлантик група ги освои гласовите на публиката. Со наградата следува и претставување на регионалниот натпревар на практики во септемви на HR days во Ровињ, учество под покровителство на Вработување.ком

- Advertisement -

Вработување.ком пак, традиционално ја додели наградата за најпосетуван огласувач кој овој пат отиде во рацете на MAGNA со 159.934 кликнувања на нивниоте огласи.

– Мило ни е што уште во првата година постоење се препозна брендот и кавалитетот на Магна и културата која ја негува оваа компанија со толку голем број на посети. Ова е голема награда и за мојот тим кој изминатава година имаше голем предизвик да стартува фабрика од нула и да стигнеме до една импресивна бројка на вработни која во моментов изнесува 180 и активно работи на производство на 3 призводи –Изјави Амина Идризи менаџер за човечки ресурси во Магна

Асоцијацијата на Човечки ресурси е формирана во 2009 година како поддршка, промоција и унапредување на професијата но и мотивација за поголеми успеси на сите инволвирани во HR секторите.

Вработување.мк

Сподели!
- Advertisement -