Научници од Јапонија направија машина за соништа, односно уред кој може да репродуцира содржина од нечиј сон.Луѓето често сонуваат, но кога ќе се пробудат не се сеќаваат на се што сонувале. Тој сон сега може да се види со помош на нивната технологија базирана на магнетна резонанца.
Јапонските научници сега овозможуваат сонот повторно да се репродуцира како да се гледа видео. Новиот уред се користи во медицината за целосно испитување на органите во телото со помош на магнетна резонанца и радиобранови.
Се користи во медицината за испитување на болести како рак, мозочен удар, оштетување на крвните садови во мозокот, тумори, повреди на рбетниот мозок, пореметувања на очите или внатрешното уво и за откривање повреди на главата.
Меѓутоа, оваа модифицирана магнетна резонанца не се користи само за читање соништа, туку и за нивно реконструирање. Кога некој човек ќе се пробуди, ќе може повторно да го репродуцира сонот на екран, па нема да може да се заборави.
Машината за соништа функционира така што ја мери мозочната активност додека луѓето спијат. Податоците потоа се внесуваат во алгоритам кој го реконструира сонот, а реконструкцијата резултира со репродукција на сонот.
За да се разбере оваа технологија треба да се замисли мотор и мозокот кој работи по одредена шема секој пат кога ќе се возуализира моторот. Алгоритмите се користат за поврзување на скенираните податоци од мозокот со соодветни слики со кои се во корелација.
Јапонските истражувачи признаваат дека нивната технологија не е совршена и има прецизност од околу 60%, но постои оптимизам дека значително ќе се подобри во иднина.
(N1)
(фото: Flickr)