SpaceX го лансираше првиот crypto сателит

- Advertisement -

Првиот крипто сателит беше лансиран во вселената благодарение на компанијата SpaceX. SpaceX успешно ја заврши својата петта мисија со лансирање на мали сателити наречена Transporter-5 од вселенскиот центар во Кејп Канаверал. Ова е првата мисија во која SpaceX лансираше крипто сателит, а познато е дека директорот на компанијата, Илон Маск, и тоа како се инволвиран во приказната со криптовалутите.

Станува збор за сателитот Crypto-1, кој го дизајнираше американскиот стартап Cryptosat, кој претставува основа за безбедна криптографија поврзана со блокчеин во вселената.

- Advertisement -

Тоа е мал сателит со големина на еден филџан за кафе, а со оглед на фактот дека е недопирлив во вселената и дека ќе пренесува отворена комуникација, никој не може да го загрози, а секој ќе може да го следи неговиот пренос преку антена. Ќе се користи за лансирање безбеден блокчеин и Web3 платформата.

Cryptosat веќе направи неколку тестови на Меѓународната вселенска станица со цел истражување на безбедноста на податоците во вселената, а во март беше тестиран и Дранд протоколот, односно првиот јавно проверлив сигнал.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -