Хрватскиот иновативен робот Casey помага за побрзо пакување на е-нарачките

- Advertisement -

Casey e роботско решение за подготовка на нарачани производи пакувана во кутии како и за унапредување на процесот на комисионирање преку оптимизација и ускладување на задачите на луѓето и роботите со носивост до 1.000 килограми.

Хрватската технолошка компанија Gideon, која има канцеларии во Германија и САД и се занимава со роботика и решенија базирани на вештачка интелигенција, неодамна ја претстави Casey, решение за автоматизација и оптимизација на подготовка на нарачките во дистрибутивните центри.

Од Gideon потенцираат дека новото решение им помага на компаниите да го ублажат недостигот на работна сила и предизвиците кои ги носи растечката е-трговија.

- Advertisement -

“Токму растот на е-трговијата е јасен показател дека користењето на нови технологии за автоматизација е клуч за одржлив раст. Е-трговијата создава дополнителен притисок на работењето затоа што бара работна рака, а од друга страна купувачите имаат очекување за брза достава.

Најновите прогнози на аналитичарите укажуваат на придолжување на силниот раст на е-трговијата на глобално ниво – дури за 50% на 7,4 милијарди долари до 2025. Јосип Чесич, главен директор за технологија и соосновач на Gideon истакнува дека Casey ги елиминира трошоците за оштетена стока и производи и ги намалува трошоците за вработени до 40%.

Сподели!
- Advertisement -